Прошетајте во Меѓународната вселенска станица

Меѓународната вселенска станица нуди можност детално да ги разгледате сите модули и сите интересни работи во станицата. Преку оваа можност можете да видите каде спијат астронаутите, каде и како се хранат и, генерално, како живеат на 400 километри над Земјата.

Меѓународната вселенска станица е во вселената од 1998 година и моментално ја сочинуваат повеќе модули на повеќе држави во светот. Планирано е да работи најмалку до 2020 година, со можност за продолжување уште осум години. Во неа престојувале астронаути од 17 држави, а преку овој виртуелен приказ имате можност детално да видите како тие живеат таму.

Виртуелната прошетка можете да ја направите преку следниов линк http://esamultimedia.esa.int/multimedia/virtual-tour-iss/

Последен пат изменето на Понеделник, 07 Декември 2015 09:30
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…