Најдобрите научни новинари и уредници од овој магазин направија избор од десет научни откритија кои беа направени во текот на 2015 година. За најдобрите од тие десет откритија ќе гласаат сите љубители на науката и читатели на научните портали.
- CRISPR - Развиена пред неколку години оваа техника за едитирање на гените стана најреална оваа година кога почна да се применува помасовно. За првпат со CRISPR научниците успеаја да модифицираат гени на човечки ембриони.
- Homo naledi – e вид од редот на хомо и станува збор за сроден современ вид на хомо сапиенс. Откриени се во пештери во Јужна Африка и практично е ново откритие на нов човечки вид.
- Вакцината против ебола – Епидемијата на ебола беше евидентна во последните две години, но нејзината „слава“ заврши со пронаоѓањето на вакцината. Вакцината заштити 100% од луѓето во Гвинеја и драматично ја запре епидемијата на оваа болест.
- Повторување на психологијата – Анализа на научните трудови по психологија покажала дека само 39% од клучни научни трудови во оваа наука можат да бидат повторени, односно реплицирани од страна на други научници. Ова е вознемирувачки, но за многу научници е добро за подобро разбирање на веродостојноста на трудовите по психологија.
- Плутон – Сликите кои ги направи леталото „New Horizons“ на НАСА од Плутон сигурно дека годинава ги воодушевија сите. Интересно е што најавија дека се можни дури и форми на живот на оваа планета.
- Оваа година научниците конечно го разбраа потеклото на контроверзниот скелет „Kennwick“. Користејќи ДНА од коски стари 8.500 години тие покажаа дека овој скелет е поврзан со модерните домородни Американци.
- „Mantle plumes“ – Научниците ги знаат неколку декади наназад, но годинава успеаја да покажат дека постојат. Станува збор за врели цевки од камен кои се издигаат од Земјата.
- Опијати во квасецот – Еден од највпечатливите подвизи на синтетичката биологија е истражувањето на квасните клетки. Научниците успееја да синтетизираат клучни молекули на опијати кои до сега се добиваа само од афион. Ова може да понуди нови лекови кои ќе можат да се прават и во домашни услови.
- Лимфниот систем во централниот нервен систем - Невронаучниците открија дека лимфниот систем постои во мозокот. Ова ќе даде појасна слика за поврзаноста на мозокот со имуниот систем.
- Теоремата на Бел – Оваа година научниците потврдија дека „мистериозната“ акција на далечина постои. Станува збор за влијание кое една честичка го има врз друга, а двете се оддалечени на големо растојание.
Доколку сакате да гласате за некои од овие предлози можете да ги најдете на веб-страницата на магазинот „Science“ - http://news.sciencemag.org/2015/12/vote-your-scientific-breakthrough-year-winner