ГМО комарци ќе се борат против маларија

Во научното списание „Nature Biotechnology“ е објавен труд во кој истражувачите објаснуваат како би можеле да ги искоренат комарците кои се способни да ја пренесуваат маларијата. Станува збор за комарците од видот Anapheles gambiae кои се едни од најопасните во пренесување на маларијата во Африка.

Научниците смислиле метод со кој преку замена на ДНК на дел од комарците ќе им се оневозможи да пренесуваат болест. Деловите на ДНК кои ги развиле имаат мисија да го пронајдат генот задолжен за маларија и да го онеспособат. Овој ген понатаму ќе се реплицира на идните генерации, а со тоа и следните генерации би станале неспособни за пренесување на страшната болест. Шансите да ја наследат способноста за пренесување на болеста се 50%, а со оваа технологија тој процент се намалува на 25%, па дури и до 1,5%.

Оваа идеја ја добил Аустин Бурт од Универзитетот во Лондон уште во 2003 година, но досега беше само теорија. Со развој на технологијата за молекуларна прецизност оваа теорија годинава стана можна.

Овој проект е во мирување поради социјалниот притисок што го трпат научниците, а особено притисокот на Црквата која вели дека интервенцијата во гените би ја нарушило природната рамнотежа.

Последен пат изменето на Вторник, 29 Декември 2015 09:30
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…