Доколку одговорот е еден од горенаведените, ти веројатно си зависен од Фејсбук. Но, ова не мора да значи дека е лоша вест, вели Амбер Ферис, асистент на комуникациски науки на Универзитетот Акрон Вејн.
Ферис, кој ги проучуваше трендовите помеѓу Фејсбук, вели дека колку повеќе луѓето го користат Фејсбук за да ги остварат нивните цели, толку позависни стануваат од овој медиум.
За да се истражат и докажат факторите кои предизвикуваат зависност, Ферис и Ерин Холенбау, направија истражување помеѓу 301 Фејсбук корисници на возраст од 18 до 68 години кои објавуваат содржини на нивните Фејсбук профили најмалку еднаш месечно.
Тие открија дека луѓето кои го перцепираат Фејсбук како можност во подобрување на она како се чувствуваат за себе, одат на веб страницата да запознаат нови луѓе и да го привлечат нивното внимание. Овие луѓе имаат конформистички карактер, но помала самодоверба.
"Тие веројатно објавуваат дека одат во фитнес сала, го објавуваат својот политички став или некој личен проблем со кој се соочуваат. Нивната надеж е насочена кон добивање на фидбек од нивни истомисленици на Фејсбук, што им помага во подобро разбирање на себеси.“, вели Ферис.
Ферис објаснува дека некои Фејсбук корисници набљудуваат како другите се справуваат со проблеми слични на нивните и така добиваат идеи како самите да се справат со овие проблеми или пак да им помогнат на другите во некои одредени ситуации.
„Ова е главната причина заради која што луѓето стануваат зависни од овој медиум, но уште еднаш, ова не задолжително е негативна карактеристика“, вели Ферис.