Аматер-астроном онлајн открил „нова ѕвезда“

Аматерот-астроном Емануел Консеил откри „нова ѕвезда“ во галаксијата Триангулум токму на католички Божиќ. Ова откритие Емануел го направи користејќи ја онлајн опсерваторијата Слух (Slooh) чии телескопи се лоцирани на Канарските Острови. Ова е втор пат овој човек да открие „нова“ на овој начин.

Слух направија и емитување во живо на „новата ѕвезда“ на нивниот веб-сајт, а следната седмица ќе има и ново емитување на веб-страницата. Следната седмица научниците треба да знаат каков вид на „нова“ е тоа. „Објектот беше таму, на моите фотографии токму на Божиќ, а не беше таму на 24-ти. Прилично интересно“, вели Консеил.

„Нова“ или „нова ѕвезда“, практично, е гигантска нуклеарна експлозија која се случува кога џуџеста ѕвезда „краде“ материјал (главно водород) од некоја соседна ѕвезда. Кога ќе се собере доволно материјал се случува нуклеарна фузија, која го експлодира материјалот во вселената. „Новата“ е обично видлива неколку месеци подоцна.

Има и некои други аматери-астрономи кои користејќи ја оваа онлајн можност направиле напредок во пронаоѓањето вакви феномени.

Галаксијата Триангулум, каде што е пронајдена оваа нова, е спирална галаксија и е оддалечена на 2,7 милиони светлосни години. Ова, впрочем, е најголемото растојание што може да се види со голо око, според Earth Sky. Сепак, за да се види оваа галаксија со голо око може да се види во средини што се изолирани од каква било друга светлина.

Последен пат изменето на Среда, 27 Јануари 2016 14:33
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…