Стресот го зголемува ризикот за намалување на памтењето

Истражувачи од Медицинскиот Универзитет „Алберт Ајнштајн’ во Њу Јорк, предводени од доктор Ричард Липтон откриле дека кај луѓето изложени на стрес се зголемува можноста за губење на меморијата во староста и дека шансите да се случи ова кај луѓето изложени на стрес се двојно поголеми.

Во ова истражување доктор Липтон и неговите соработници проучувале 507 луѓе постари од 70 години во период од три и пол години. На крајот од истражувањето откриле дека 71 лице кое било изложено на стрес во тој период развил благо амнезиско когнитивно оштетување. Исто така кај луѓето изложени на висок стрес, шансите дека да го добијат споменатото оштетување се за 2, 5 пати поголеми во однос на оние кои не биле изложени на стрес.

Откриено е дека овој ризик е поголем кај жените отколку кај мажите, како и кај оние кои имаат депресија.

Механизмот кој го поврзува стресот со оштетувањето на меморијата не е јасен, но во претходните истражувања е откриено дека хроничниот стрес е поврзан со намалување на хипокампусот – подрачје во мозокот поврзан со памтењето.

Извор: www.einstein.yu.edu 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…