Според истражувачите, креативноста е нашата способност за размислување на нови и оригинални начини за решавање на проблемите. Но, не секое решение е креативно.
Хипотезата на истражувањето е дека за да се генерира креативна идеја, мозокот треба да активира серија на различни дури и контрадикторни делови од мозокот.
Истражувањето откри дека испитаниците чија оригиналност е на високо ниво имаа зголемена активност во асоцијативниот, спонтан мозочен дел. Овој дел функционира „во позадина“, кога човекот не се концентрира на она што го размислува.
Сепак, за идејата да биде оригинална, неопходно е вклучување на административниот дел од мозокот, односно конзервативната мозочна мрежа.
„Колку е посилна оваа врска помеѓу двете мозочни мрежи, толку е поверојатно дека идејата која мозокот ја креира ќе биде креативна и оригинална“, заклучуваат истражувачите.
Извор: www.sciencedaily.com