Периодниот систем доби четири нови елементи

Периодниот систем доби четири нови хемиски елементи. Во системот ќе бидат додадени елементите 113, 115, 117 и 118. Нив пред крајот на 2015 година ги потврди Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија. Елементите треба да добијат само имиња и симболи.

Новите елементи ги открија тимови од Јапонија, Русија и САД. Новите елементи спаѓаат во редот на супер тешки елементи, создадени со туркање на лесни јадра едни во други.

„Ова за нас има поголема вредност отколку олимпискиот златен медал“ – Руоји Најори, поранешниот претседател на „Рикен“ јапонскиот институт кој помогна во откривање на елементот 113.

Последното додавање на нови елементи во периодниот систем беше во 2011 година кога се додадени елементите под реден број 114 и 116.

Извор: http://nature.com 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…