Докажано е: Кучињата можат да препознаат емоции кај човекот

Кучињата можат да препознаат емоции кај човекот преку комбинирање на информации од различни сетила – способност која претходно не била откриена. За првпат, научниците докажаа дека кучињата формираат апстрактни ментални репрезентации на позитивните и негативните емотивни состојби, а не како што до сега се веруваше – дека покажуваат само научено однесување во односот со луѓето и другите кучиња.

Ова ново окткритие на тим на истражувачи на животинско однесување и психолози од Универзитетот во Линколн, Велика Британија и Универзитетот во Сао Паоло, Бразил беше објавено во списанието „Biology Letters”.

Научниците во истражувањето вклучија 17 домашни кучиња и на нив им прикажаа слики и звуци со различни комбинации на позитивни и негативни емотивни изрази кај луѓето и кучињата.

Овие различни извори им беа презентирани на кучињата симултано, без претходен тренинг и дресура.

Тимот откри дека кучињата поминуваа долго време гледајќи ги фацијалните изрази кои се компатибилни со емоционалната состојба и нејзината вокализација кај луѓето и другите кучиња. Интегрирањето на различни видови на сензорни информации на овој начин покажува дека кучињата имаат ментални репрезентации за различните емоции кај луѓето и кучињата.

„Како и да е, постои разлика помеѓу асоцијативното однесување, односно научената реакција на пример на налутен тон кај човекот, до препознавањето на варијации во емотивната состојба кај другите“,вели ко-авторот на ова истражување, проф. Даниел Милс од Универзитетот во Линколн.

„Она што е важно е дека кучињата немаа претходен тренинг ниту беа запознати со субјектите кои им беа претставени на слики и аудио. Ова докажува дека комбинирањето на сетилата кои препознаваат емоции, кај кучињата е вродено.“, додава Милс.

Пронајдокот е интересен за голем дел од човечката популација која за домашно милениче го има избрано токму кучето.

Извор: www.sciencedaily.com 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…