Можеби сите мислеа дека добро го проучивме нашиот соларен систем, но очигледно денешната информација од Институтот за технологија во Калифорнија ги смени тие ставови.
Константин Батјагин и Мајк Браун презентираа силни докази за многу голема неоткриена планета, можеби десет пати поголема од Земјата. Оваа „нова“ планета орбитира во темнината после Плутон. Научниците ова го заклучија поради аномалиите на помалите тела кои орбитираат околу оваа планета.
Не сум бил вака возбуден веќе долго времевели Грег Лаухлин, експерт за планетарни формации од Универзитетот во Калифорнија кој исто така бил вклучен во ова истражување
Објектот, кој истражувачите првично го нарекоа „Планета Девет“, е околу 30,5 милијарди километри оддалечен од Сонцето или пет пати подалеку од Плутон. И покрај неговата големина овој објект е толку темен што воопшто не е чудо што никој до сега не го забележал. Научниците велат дека, за жал, сѐ уште нема детекција на оваа планета, но доказите се толку многу силни што истражувачите веќе сериозно го земаат како новооткриена планета.