Ова покачување е дел од долгогодишниот глобален тренд на зголемување на температурите кој е актуелен во изминатите години. 15 од последните 16 години рушеа рекорди во глобалното затоплување.
Климатските промени се предизвик на нашата генерација и работата на НАСА за ова клучно прашање го опфаќа секој човек на планетата Земјавели администраторот во НАСА Чарлс Болден
Анализата на НАСА опфаќа податоци од 6.300 метеоролошки станици лоцирани низ целиот свет, како и системи на вода кои ги мерат температурите на водите и истражувачки центри на Антарктикот. Видеото подолу го прикажува долгорочното глобално затоплување од 1880 година до денес, каде што јасно се гледаат сериозните последици на ефектот што човекот го има врз планетата Земја.
Извор: www.nasa.gov