Откриена врска помеѓу анксиозноста и јадењето ферментирана храна

Психолозите традиционално го набљудуваат умот и неговото функционирање со цел да им помогнат на луѓето кои живеат со ментални проблеми. Едно неодамнешно истражување покажува дека стомакот, исто така, може да игра голема улога, па сугерираат дека изразот „ти си тоа што го јадеш“ станува клише.

Истражувањето кое се одвиваше на Универзитетот во Мериленд најде можна врска помеѓу ферментираната храна која содржи пробиотици и социјалната анксиозност. Научниците открија дека младите луѓе кои јадат повеќе ферментирана храна имаат поблаги симптоми на социјална анксиозност.

Многу е веројатно дека пробиотиците во ферментираната храна ја променуваат средината во организмот со што се менува и средината поволна за интензивирање на социјалната анксиозност“ вели проф. Хилимир, лидерот на истражувањето. „Фасцинантно е што микроорганизмите во стомакот можат да го променат умот, додава тој

Научниците дизајнираа прашалник кој тестираше околу 700 студенти на Универзитетот во Мериленд. Прашалникот ги праша испитаниците за ферментираната храна што ја внеле во организмот во последните 30 дена, исто така ги праша за фреквенцијата на физичка вежба и просекот на внес на овошје и зеленчук така што истражувачите можеа да ги земат предвид и здравите навики надвор од консумирањето на ферментирана храна.

„Главното откритие беше дека индивидуалците кои консумираа повеќе ферментирана храна ги имаа редуцирано симптомите на социјална анксиозност“.

Второто откритие беше дека поголемата физичка вежба исто така ги намалува симптомите на социјална анксиозност. Иако истражувачите беа задоволни од резултатите кои ја поддржуваат нивната хипотеза, сепак оваа студија е прва во серијата студии кои тие ја планираат со цел да ги докажат сите врски помеѓу стомакот и умот.

За во идните студии тие најавуваат истражување на податоци за можно докажување на врската помеѓу консумирањето ферментирана храна и симптомите на аутизам.

Извор: www.sciencedaily.com.

Последен пат изменето на Петок, 22 Јануари 2016 09:58
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…