Сè што треба да знаете за вирусот „зика“

Од каде дојде вирусот „зика“?

Вирусот првпат е изолиран во 1947 година во Африка и во Југоисточна Азија, но до пред една деценија имало помалку од 15 случаи познати за научната јавност кои биле дијагностицирани со овој вирус. Во 2007 година тој почнал да се шири во островите на Западниот Пацифик, а набрзо го зафатил и Бразил од каде што се проширил во Јужна Америка, Централна Америка, Мексико и Карибите.

Што е причината за брзото ширење на вирусот?

Постојат многу појави во Африка и во Азија кои во минатото биле недефинирани во научната јавност, појави на кои научниците не им посветиле многу внимание. Моменталната епидемија, сепак, беше нешто очекувана. Латинска Америка има голем број на А. Aegypti, вид на комарци кои го предизвикуваат популарниот вирус „зика“.
За ситуацијата да биде полоша, населението во Јужна, Средна или Северна Америка нема створено имунитет на овој вирус. Патувањата ги зголемуваат ризиците од заболување. Овие комарци не летаат повеќе од неколку стотици метри за време на нивниот живот, но заболените од „зика“ кои патуваат од град до град и од држава до држава им го пренесуваат вирусот на здравите луѓе.

Оваа комбинација на фактори значи дека вирусот има можност да се шири брзо и да зафати голем дел од светот кога веќе е присутен на едно место, односно кај едно население.

Дали „зика“ ќе се стигне до САД и до Европа?

И во САД и во Европа веќе има случаи на „увезени“ заболени од овој вирус. Прашањето кое се поставува е дали има ризик од масовно проширување, односно присуство на комарци кои ќе инфицираат луѓе? Веројатностите се големи: А. Albopictus комарците, кои исто така се сметаат за пренесувачи на вирусот „зика“, се забележани во неколку држави во Јужна Европа, а не е исклучена можноста тие да се преселат и кон Северна Европа, додека јужните и источните делови на САД имаат присуство на двата вида на комарци кои го пренесуваат вирусот.

Дали е сигурно дека вирусот предизвикува вродени аномалии?

Не. Постои случајност која вели дека заболените бремени жени во Бразил раѓаат деца со микроцефалија, односно состојба во која главата на новороденчето е многу помала од нормално, бидејќи мозокот не се развива правилно. Сепак, потребни се неколку месеци истражувања додека да се потврдат резултатите од бремените жени заболени од „зика“. Во тек се поголем број научни истражувања, пред сѐ во Јужна Америка, но резултатите ќе бидат објавени по неколку месеци.

Дали постојат други нешта за кои научниците се загрижени?

Да. Научниците имаат тешкотии во дијагностицирањето на „заболените“ од вирусот, затоа што дијагностичките тестови се ограничени. Најпрецизните тестови кои детектираат заболена крв покажуваат точни резултати само една недела откако ќе се појават првите симптоми. По ова тестирање истражувачите можат да ги испитаат антителата во крвта. Проблемот кој настанува во тестирањата е тоа што тестовите за „зика“ антитела имаат реакција со антителата на вирусот „денг“ кој опфаќа многу поголем дел од Бразил, како и останатиот дел од Латинска Америка, така што речиси сите возрасни луѓе имаат антитела за овој вирус. Ова уште повеќе го отежнува докажувањето на тоа дали мајката која има родено бебе со микроцефалија била инфицирана со „зика“.
Научниците се обидуваат да откријат дали и колку често вирусот се пренесува преку сексуален контакт. До сега научниците откриле два вакви случаја, еден во САД и еден во Француска Полинезија.

Дали постојат лекови против овој вирус?

Не. До пред една година вирусот беше толку ретко застапен што никој не се обидел да направи лек против него. Дури и сега, кога вирусот се претвора во епидемија, не постои голем избор на антивирални лекови, бидејќи најголем дел од инфицираните имаат многу слаби или никакви симптоми.
Не е докажано ниту дали некаква терапија со лекови би можела да превенира вродени аномалии на плодот кај бремените жени кои се инфицирани со „зика“, бидејќи додека тие се заразат со вирусот и покажат некакви симптоми на заболување ќе биде предоцна за превенција на оштетувањата на плодот.

Кога може да се очекува вакцина против вирусот „зика“?

Вакцината против вирусот би дала голема надеж за превенирање на микроцефалијата кај новороденчињата. Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и инфективни заболувања во САД, изјави дека би биле потребни најмалку пет до седум години за да стане комерцијално достапна вакцината против вирусот „зика“.

Што може да се направи за да се спречи ширењето на вирусот?

За да се спречат комарците, секоја држава може да проба да го намали бројот на комарци преку елиминирање на малите водени резервоари, како што се садовите за цвеќе, празни шишиња и слично  – каде што најчесто комарците од овие видови се множат. Исто така, луѓето можат да ја редуцираат нивната изложеност на комарци преку мрежи за заштита од комарци поставени на прозорците, покривање на поголем дел од телото со облека, како и користење на домашни инсектициди. 

Мора да постојат други начини за контролирање на комарците

Во моментот не постојат начини, но се во тек на подготовки. Британската компанија „Окситек“ има направено мутација на комарци кои содржат гени кои ги уништуваат комарците од истиот вид, пред тие да созреат доволно за да можат да пренесат вирус. 

Во една друга научна студија, научниците ги инфицираат комарците од видот A. aegypti со бактерија која ја намалува способноста на комарците да пренесуваат болести кај човекот. Овие експерименти се правени, пред сè, како чекор во превенирање на вирусот „денг“, но масовната појава на „зика“ уште повеќе нуди потреба од вакво истражување. Сепак, потребни се неколку години за масовно да се аплицираат резултатите од истражувањето.

Сепак, постои надеж. Неодамна дизајниран продукт наречен „OFF! Clip – On” може да биде ефективен во превенирање на убоди од комарците кои го пренесуваат вирусот „зика“.

Овој нов продукт функционира така што испушта мирис кој формира инсектицитен „облак“ околу него. Со цел да се тестира ефективноста на овој технолошки изум, двајца научници од Флорида го тестираа продуктот на отворено, а резултатите беа позитивни и изненадувачки за научната јавност. Иако постојат спротивставени мислења, сепак носењето на едно мало апаратче кое може да ви го спаси животот е мошне позитивен момент во овој период на епидемија од вирусот.

Извор: www.sciencemag.com; www.sciencedaily.com.

Последен пат изменето на Петок, 05 Февруари 2016 13:21
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…