Научниците имаа информации дека многу одамна Земјата се судрила со друга планета, но не знаеле дека тој судир впрочем бил многу поголем отколку што се сметало. Претходно била позната теоријата за судир со Теиа.
Научната студија вели доколку ударот бил мал, како што се сметало, Месечината ќе била создадена главно од Теиа, а таа е создадена главно од Земјата.
Не ја гледаме разликата меѓу изотопите на кислород на Земјата и на Месечинатавели Едвард Јанг, професор од УКЛА
Според научниците, планетата што се судрила со Земјата, Теиа, била во еден момент дел и од Земјата и од Месечината и потоа практично се разделила меѓу овие две тела. Затоа не може да се види разлика од „потписот“ на Теиа во Земјата и во Месечината. Ова во извесна смисла значи дека Земјата е составена од две планети – Земја и Теиа.
Некои научници сметаат дека Теиа била голема колку и Земјата и дека ќе продолжела да расте и да се развива доколку не бил овој судир со Земјата.
Извор: U.S. News & World Report