Животот на глушец продолжен за 35% без негативни ефекти

Научна студија покажа неверојатни резултати во продолжување на човечкиот живот. Истражувањата покажуваат дека старите клетки, кои веќе не се размножуваат и се таложат со текот на годините, имаат негативен ефект и го кратат животниот век во просек 35% кај нормални глувци. Резултатите покажуваат дека чистењето на ваквите клетки го одложува формирањето на тумор, ја заштитува работата на органите и го продолжува животниот век кај набљудуваните примероци.

„Биолошкото стареење на клетките функционира како ’сопирачка’ која се користи со цел да се спречи размножување на оштетените клетки во човечкиот организам. Запирањето на делбата кај овие клетки е неопходно за превенција од рак, но се теоретизира дека откако ќе биде активирана таа ’сопирачка’ овие клетки веќе не се потребни“, вели директорот на Одделот за биохемија и молекуларна биологија во Клиниката „Мајо“, проф. д-р Јан Ванд Деурсен.

Имунолошкиот систем добро ги чисти овие клетки на кои им завршува векот на размножување, но со текот на времето станува помалку ефикасен. Овие клетки се фактор за оштетување на соседните клетки и за предизвикување на хронични воспаленија или болести поврзани со староста.

Истражувачите од Клиниката „Мајо“ користеле трансген кој овозможил елиминација на овие клетки со одредени лекови. Тие ова го направиле на неколку примероци на глувци и се покажало дека животниот век  се зголемил  во просек од 17 до 35 проценти. Тие, исто така, покажале и намалување на нивото на воспаление во мастите, мускулите и ткивата на бубрезите.

Најинтересно е што досега истражувачите не забележале негативни ефекти од користење на овој иновативен начин за продолжување на животниот век. Научниците се оптимисти дека ова може да се примени и кај луѓето.

Линк до оригиналниот труд - http://www.nature.com/nature/journal/vaop/ncurrent/full/nature16932.html.

Последен пат изменето на Петок, 05 Февруари 2016 13:42
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…