Концептот е развиен од страна на тим во компанијата Фонтус, а станува збор за уред кој се напојува од соларна енергија. Шишето има хидрофобичен дел кој ги одбива капките и ги става внатре во шишето. Ова значи дека доколку не сте во премногу загаден предел вие ќе имате достап до чиста вода каде и да сте.
Во воздухот секогаш има одредено ниво на влажност, оваа влажност ја има дури и во пустините. Тоа значи дека независно колкава е влажноста на воздухот шишето ќе ви генерира чиста вода за пиење. Влажноста е поврзана со брзината на полнење на шишето со вода. Ова може да биде многу практично за луѓе кои ја сакаат прошетката во природа, па нема да мораат постојано со себе да носат големи количини на вода или пак да бараат каде во природата има извори на питка вода. Идејата може да оди и подалеку, односно да обезбедува чиста вода за пиење во предели каде тоа е тешко изводливо.
Принципот на собирање на вода од воздухот е многу едноставен. Уредот има соларен панел за да го движи вентилаторот кој собира топол воздух го минува низ ладен предел и кондензира. Капките при кондензацијата паѓаат на хидрофобичниот дел од шишето кој ги спречува да се слепуваат или таложат и веднаш влегуваат внатре во шишето.
Покрај тоа што вентилаторот работи на соларна енергија сосема е возможно да работи на батерии, па да прибира вода од воздухот и во текот на ноќта. Во видеото подолу е објаснет и принципот на којшто функционира овој неверојатен изум.