Зошто мозокот кај повозрасните функционира различно?

Когнитивните научници најдоа повеќе докази кои покажуваат дека мозокот кај повозрасниот човек функционира различно од мозокот на еден млад човек за време на извршувањето на иста задача.
Студијата е спроведена од Институтот Ротман во Канада.

Новите откритија покажуваат дека одредена ритмичка активност во клучни делови од човечкиот мозок се променува со процесот на стареење. Овие клучни делови ги вклучуваат и хипокампусот, дел којшто работи со формирањето и повикувањето на меморијата, како и неокортексот, сивата маса од мозокот која е поврзана со видот, вниманието и размислувањето на едно повисоко ниво.

Истражувањето беше направено преку спроведување на снимање со магнетна резонанца на две групи на испитаници, кои во едната група беа во просек 24.8 години, а во втората 65.9 години.
Рондина, студентка по психологија на Универзитетот во Торонто која беше дел од ова истражување, објаснува дека мозокот е составен од билиони клетки кои користат електрицитет за да комуницираат меѓусебно. Како што сигналите се пренесуваат од една во друга клетка, така се креираат ритмичките шеми на активноста на мозокот, познати како мозочни бранови.

Поранешни студии покажаа дека нашите мозочни бранови кои патуваат со помала брзина се одговорни за меморијата, додека оние побрзите го управуваат нашето вниманиевели Рондина

Оваа студија е прва студија која ја истражува разликата помеѓу младите и повозрасните мозочни активности за време на креирањето на меморијата и повикувањето на истатадополнува таа

За време на испитувањето се увиде разлика во брзината на мозочните бранови помеѓу двете групи. Кај помладите испитаници беше евидентирана помала брзина на мозочните бранови што доведува до попрецизна меморија, нешто што кај повозрасната група не беше забележано.

Според снимките од магнетната резонанца, забележани биле минимални промени на мозочната структура, но промените на мозочните бранови биле повеќе од очигледни.

Ова ново сознание, според научниците, не би значело прецизна дијагноза или промена на терапијата за подобрување на меморијата, но би можело да биде корисно во понатамошните испитувања на процесот на стареење на мозокот и корисно во разбирањето на разликите помеѓу помладите и повозрасните лица.

Извор: www.sciencedaily.com.

Последен пат изменето на Среда, 10 Февруари 2016 10:26
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…