Пет неверојатни научни факти (дел 2)

Продолжуваме да ви претставуваме колку е неверојатна природата, а и науката, бидејќи таа ги открива природата и светот околу нас. Благодарение на науката секојдневно можеме да бидеме воодушевени и секојдневно можеме да дознаваме нови работи. Развојот на науката, а особено во последните неколку години, придонесе науката да стигне до неверојатни размери. Во продолжение ви претставуваме пет нови неверојатни научни факти.

1. Просечен човек во текот на својот животен век поминува пеш пат колку пет пати околу Земјата.

Просечно активна личност во текот на денот поминува околу 7.500 чекори. Ако ја одржите оваа активност во текот на 80 години ќе поминете 216.262.500 чекори во текот на животот. Правејќи ја пресметката, просечен човек во текот на својот живот ќе помине 170 илјади километри. Тоа е еднакво на пет пати околу Земјата, и тоа кај екваторот.

2. Кога хелиумот е изладен на температура од апсолутна нула (-273  Целзиусови степени) станува течност со неверојатни својства.

Тој се движи (тече) наспроти гравитацијата. Ако го ставите во чаша ќе оди нагоре кон вашите усни.

Сите знаеме дека хелиумот е гас кој доколку го вдишеме ни го менува гласот и прави да зборуваме смешно, па често може да биде дел од многу забави. Овој гас има неверојатна способност доколку биде изладен на температура од апсолутна нула. Интересно е што и ако му дадете движење тоа нема да престане, велат научниците.

3. Доколку ѕвездата Бетелгез експлодира и од црвен суперџин премине во супернова, тогаш нашето небо ќе биде константно светло во наредните два месецa. Ова може да се случи во  кое било време – во наредните илјада години, а може и утре.

Бетелгез е на 430 светлосни години оддалеченост од Земјата. Таа е една од најсветлите ѕвезди на нашето небо. Причината за ова е што оваа ѕвезда е суперџин и емитира светлина 10.000 пати поголема од онаа на Сонцето, а радиусот ѝ е 370 пати поголем од оној на Сонцето. Бидејќи е блиску до нас и е при крај на својот животен век, многу е веројатно дека оваа ѕвезда ќе експлодира во супернова. Никој не може да одреди кога точно, но може да биде за илјада години од денес, а може и утре.

4. Една човечка клетка за 60 секунди прави еден круг во телото.

Имате околу 5 литри крв во вашето тело. Просечно срцето пумпа 70 милилитри крв со секое отчукување, а здраво срце чука просечно 70 пати во една минута. Ако ја направите математиката ќе видите дека срцето за една минута ја пумпа целата крв во вашето тело.

5. Универзумот што го знаеме е поголем од што мислиме.

Универзумот кој им е познат на научниците е создаден од 50 милијарди галаксии. Има помеѓу 100 милијарди и 1 трилијарда ѕвезди во само една галаксија. Во секоја од овие 50 милијарди галаксии има по најмалку 100 милијарди ѕвезди, а секоја ѕвезда има по неколку планети околу себе. Во галаксијата Млечен Пат има преку 100 милијарди планети – нашата планета, сега за сега, е единствената за која знаеме дека поддржува живот каков што го знаеме.

Сега откако знаете колку многу планети има во универзумот, што мислите? Дали сме сами?

Последен пат изменето на Среда, 10 Февруари 2016 12:10
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…