(Видео) Половина од светската популација ќе биде кратковида до 2050 година

Ако продолжи моменталниот тренд, пет милијарди луѓе ќе бидат кратковиди во следните три децении, а една петина од нив се очекува да имаат значително зголемување на ризикот од слепило.

Ова го констатира нова научна студија што е објавена неодамна. Иако станува збор за толку многу често заболување, научниците не се согласни што ја предизвикува миопијата. Лесно би било да се поврзе со седењето пред компјутер или мобилен телефон, но работите не се така едноставни.

Помеѓу 70-тите години на минатиот век и почетокот на 21 век случаите на миопија речиси двојно се зголемиле во САД, а во некои делови на Азија тие пораснале дури и повеќе. Некои истражувања покажуваат дека 96 проценти од тинејџерите во Јужна Кореја се кратковиди, во Сингапур, Кина и Јапонија овој процент е 80 до 90.

Нов научен извештај од меѓународен тим на истражувачи гледајќи го трендот (целосниот труд може да се најде на линкот: http://www.aaojournal.org/article/S0161-6420%2816%2900025-7/fulltext) дошле до предвидување што ќе се случува во иднината со оваа болест. Тие прегледале 145 научни трудови кои опфаќаат 2,1 милион учесници и откриле дека речиси 1,5 милијарда луѓе имаат миопија во 2000 година, а од нив 163 милиони се со голем ризик на слепило и катаракта.

Предвидуваме дека до 2050 година ќе има 4,7 милијарди луѓе со миопија (49,8 проценти од светската популација) и 938 милиони луѓе со силно ниво на миопијазаклучуваат истражувачите во журналот „Офталмологија“

 

Последен пат изменето на Четврток, 18 Февруари 2016 13:09
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…