Но што ако, статистички, шансите се против нас во наоѓањето на друга планета која е слична на Земјата. Вака вели една нова студија на меѓународен истражувачки тим. Тие ги зеле информациите за сите егзопланети и ги ставиле во компјутерски модел.
Калкулациите се дизајнирани да дадат резултат за тоа како галаксиите и планетите се формирани пред повеќе од 13.8 милијарди години. Интересен е резултатот – многу е веројатно дека планетата Земја е уникатна.
Знаеме дека е многу нелогично, но во секој случај многу е добро што стигнавме до точка кога можеме да го испитуваме овавели Андру Бенсон, еден од истражувачите
Истражувачите признаваат дека истражувањето може да има статистичка грешка која може значително да влијае на резултатот, со оглед на тоа дека има откриено околу 2.000 егзопланети (и имајќи ги податоците за тие планети ја правеле симулацијата), а според пресметките постојат повеќе од 700 квинтилијарди вакви планети.
Но зошто е Земјата толку специјална? Истражувачите не знаат, но според нивните калкулации нашиот дом е некаков вид на аномалија која нема сличност во огромното море на планети во Млечниот Пат и надвор од него.
Иако станува збор за многу мал примерок на испитувања (2.000 планети) може да се смета дека овој мал примерок може да биде индикатор, но никој не може да биде сигурен во ова тврдење. Сега за сега нема начин да бидеме сигурни, но овие научници велат дека се мали шансите да се формира планета како Земјата.