Колку се подолги теломерите, толку подобро ја вршат својата функција и спречуваат стареење на организмот. Студијата покажува дека теломерите кај нетрпеливите луѓе значително се намалуваат што го забрзува стареењето во однос на останатите лица. Коавторот на студијата Ксин Жанг тврди дека трпението е поврзано со когнитивната и социјалната способност, односно со способноста на личноста да се носи со животните предизвици и е тесно поврзана со менталните нарушувања.
Целото истражување е објавено во научното списание „Proceedings of the National Academy of Sciences“ и може да се прочита на следниов линк.