По една година во вселената, астронаутот Скот Кели се врати повисок за 5 сантиметри

Личната приказна за астронаутот Скот Кели кој неодамна се врати од вселенска мисија деновиве ја објавуваат најпознатите светски медиуми.

Астронаутот Скот Кели и неговиот брат близнак Марк Кели, кој исто така е астронаут, минатата година биле пријавени за едногодишната вселенска мисија. Сепак, НАСА одлучила на мисијата да го испрати токму Скот Кели.

По неодамнешното слетување на Скот и при првите рутински проверки забележале дека висината на Скот е променета и дека тој сега е повисок за цели 5 сантиметри во однос на висината што претходно била регистрирана кај него и во однос на неговиот брат близнак со кого отсекогаш имале иста висина.

Астронаутите во вселената растат зашто ‘рбетот им се продолжува, но кога ќе се вратат на Земјата, по краток период, повторно ја добиваат висината што ја имале претходнообјасни Џеф Вилијамс од НАСА

Сега лекарите од НАСА и научниците ќе земат примероци од браќата Кели, кои ќе бидат тестирани со цел да се докаже дека престојот во вселената влијае на човечкото тело и уште повеќе влијае на здравјето на луѓето, пренесува Си-Ен-Ен.

https://www.facebook.com/NASA/videos/10153890806941772/.

Последен пат изменето на Петок, 04 Март 2016 10:53
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…