Знаењето има влијание на тоа како го гледате светот

Не е тајна дека очите на луѓето се разликуваат едни од други, но тие разлики не се само во тоа како нашиот мозок ја прима светлината и како ги процесира боите.

Нова научна студија вели дека знаењето кое го поседуваме има влијание на тоа како визуелно ги перципираме работите. Истражувачите експериментирале со две групи на луѓе кои гледале на напишани карактери различно, но тие велат дека ова би можело да се аплицира на секој објект што го гледаме – независно дали станува збор за лица, возила или пак животни.

Можеби си мислиме дека сите имаме некоја основна машинерија за гледање која може да детектира работи. Но дали можете да ги детектирање буквите од јазик кој не го знаете на ист начин со оној којшто го знае јазикот. Она што го знаеме влијае на тоа како ги гледаме работите

Научниците правеле експеримент со сложена визуелна форма на јазик и го одбрале арапскиот јазик. Одбрале две групи – едната група била експерт за арапската азбука, додека другата група или не ја познавале азбуката или ја знаеле многу малку. При покажувањето на симболите заклучиле дека експертите полесно прават разлика во визуелните симболи за разлика од оние кои не ја познаваат азбуката. Тие што не ја знаеле не можеле јасно да прават разлика меѓу симболите. Притоа научниците заклучиле дека нивото на знаење има влијание во визуелната перцепција на нештата. Кога станувате експерт за одредена работа оние работи кои се комплексни за другите за вас стануваат едноставни и така ви се менува перцепцијата.

Овој труд објавен во списанието на Американската психолошка асоцијација не е прв од ваков вид. И претходно научниците демонстрирале дека јазикот има влијание врз формирањето на мозокот и перцепцијата на работите. Еден труд покажа дека првиот научен јазик влијае на тоа како ќе гледате на другите јазици во текот на животот.

Знаењето е многу важно, велат научниците. Дел од тоа да се има знаење значи и начин да се гледа на работите и да се прави разлика од она што е важно и она што не е важно. Кога знаете работи знаете што гледате.

Последен пат изменето на Петок, 04 Март 2016 13:55
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…