Истражување на Филолошкиот факултет: Како да се подобри прагматичката компетенција при учењето на јазици

Професори од Филолошкиот факултет при УГД спроведуваат научно истражување кое покажува каква е улогата на експлицитните инструкции за стекнување прагматичка компетенција при учењето англиски и германски јазик.

Што всушност значи прагматичка компетенција објаснува раководителот на научниот проект д-р Билјана Ивановска, вонреден професор на Филолошкиот факултет „Да се има прагматичка компетенција значи соговорникот да може да навлезе подлабоко од буквалното значење на она што е кажано или напишано за да разбере што сака говорителот да каже, да ги разбере неговите претпоставки или намери, како и неговото јазично однесување“ – вели професор Ивановска.

Во истражувањето кое ќе трае две години ќе бидат вклучени изучувачи на англискиот и германскиот јазик на средно до напредно ниво, а пред да бидат вклучени во процесот на истражување, ќе биде определено нивното општо ниво на познавање на странскиот јазик и прагматичките карактеристики на нивниот меѓујазик.

Покрај основната цел на проектот да го истражи влијанието на експлицитните инструкции врз стекнувањето прагматичка компетенција од страна на изучувачите на странски јазици, истражувањето има за цел и да ја утврди улогата на интернетот како платформа за изучување на странските јазици.

Во реализацијата на научното истражување учествуваат проф.д-р Билјана Ивановска, доц.д-р Марија Кусевска, доц.д-р Нина Даскаловска,  порф.д-р Лилјана Митковска,  кореспондент м-рТатјана Уланска и студентите на втор циклус студии при УГД, Моника Ценова  Викторија Крстевска.

По завршувањето на проектот резултатите и искуствата од истражувањето ќе бидат објавени во книга која ќе биде особено значајна за лицата вклучени во образованието, креаторите на наставни програми, како и изведувачите на наставата. На креаторите на наставните програми ќе им бидат дадени насоки за елементите кои треба да се вклучат во наставата за развивање на прагматичките компетенции на изучувачите, а на изведувачите ќе им дадат некои конкретни идеи како тоа може да се постигне.

Последен пат изменето на Петок, 11 Март 2016 11:25
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…