Истражувачи од УГД подготвуваат предлог модел за енергетски штедлив хотел

Електротехничкиот факултет, заедно со Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД работи на проект со наслов „Mожности и методи за замена и заштеда на енергија и зголемување на енергетската ефикасност во хотелската индустрија“.

Резултатите од истражувањето ќе бидат во насока на идентификување предлог модел на енергетски ефикасен, односно таканаречен „енергетски штедлив хотел“.
Воедно, проектот ќе придонесе и за збогатување на научните сознанија за поставеноста, функционирањето и ефектите од енергетската политика на хотелската индустрија како во Македонија, така и во регионот. Оттука, ќе се извлечат заклучоци за идни насоки во кои треба да се развива еколошката едукација на вработените во хотелите, како и дефинирање конкретни насоки за енергетско унапредување на постојните хотелски капацитети и изградбата на новите хотелски капацитети.

Резултатите од проектот ќе имаат и практична примена бидејќи ќе се понуди акционен план за управување со енергетски трошоци во правец на замена на фосилните и еколошките неприфатливи енергетски ресурси со обновливи енергетски ресурси.

На таков начин ќе се овозможи заштеда и ефикасно користење на енергијата како и намалување на трошоците за енергија и енергенси, а со тоа и можност однапред да може да се утврдат потенцијалните заштеди во случај на примена на идентификуваниот предлог модел, во однос на постојните модели на хотелското работење.

Проектот кој започна во март 2015 година и е предвидено да трае до март 2017 година е мултидисциплинарен проект во кој се вклучени истражувачи од различни области: енергетика, туризам, автоматизација, екологија и сл. Во истражувачкиот тим се најдоа проф. д-р Влатко Чингоски - главен истражувач и раководител на проектот, истражувачите проф. д-р Билјана Петревска, проф. д-р Сашо Гелев, доц. д-р. Роман Голубовски, како и младите истражувачи м-р Билјана Читкушева Димитровска, дипл. менаџер Никола Трајков и дипл. електро инж. Томче Велков.

Последен пат изменето на Понеделник, 14 Март 2016 11:30
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…