Дебата на радио: Митови и вистини за вакцините

Универзитетското радио „УГД ФМ“ организира отворено студио во Кампус 2, каде што на темата „Митови и вистини за вакцините“ ќе дебатираат професори, асистенти и студенти на медицина и граѓани.

Целта е за оваа сензитивна тема да ги консултираме најповиканите и најголемите експерти во областа. Ќе слушнете разговори со професори по инфектологија, епидемиологија, општи лекари и професионалци. Дали навистина вакцините се штетни? Слушајте на радио од 12 до 14 часот на 91.00 мегахерци или онлајн на http://ugdfm.ugd.edu.mk/.

Настанот ќе се одржи во холот на Рекреативниот центар на Кампус 2. Поканети се сите заинтересирани да присуствуваат и да го кажат своето мислење. Концептот на отвореното студио е сите кои ќе пристигнат и ќе изразат желба да бидат вклучени во програма на радио и јавно да го кажат својот став за оваа тема.

Последен пат изменето на Среда, 06 Април 2016 14:51
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…