Група на истражувачи од Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ објавија труд во кој се презентираат карактеристиките и класификацијата на антибиотици кои се препорачани за користење кај деца и одобрени од Светската здравствена организација и други релевантни здравствени организација.
Покрај тоа, целта на оваа студија беше да се анализираат најчесто препишуваните антибиотици од страна на педијатрите во Македонија во текот на 2013 година. Резултатите покажаа дека најчесто препишуваниот антибиотик од страна на педијатрите е амоксицилин во форма на таблети, со вкупно 280.863 препишани рецепти, статистика која е во согласност со препораките на медицината заснована на докази.
Во изработката на трудот учествуваа Бистра Ангеловска, Елена Дракалска, Марија Атанасова, Весна Костиќ и Јасмина Трајкоска, сите од Факултетот за медицински науки при УГД.
Трудот е објавен во Списанието за фармација и фармакологија во 2016 година (Journal of Pharmacy and Pharmacology 4).
Целосниот труд може да се прочита на овој линк.