Истражувањето е спроведено врз одреден квантум дела од современата македонска книжевност за млади и притоа е евидентно дека кај писателите од постарата генерација третманот на женските адолесценти е повеќе патријархален, во смисла дека тие како да се потчинети на авторитетот на машките адолесценти. Нивните ликови во акциите како да се маргинализирани, значи немаат еднаква застапеност во дејството, ниту пак ја имаат можноста да преземат некои конкретни дејства. Истражувањето покажува дека за разлика од писателите кои творат во повоениот период, прашањето на полот, сексуалноста или идентитетот на женските адолесценти како да е сосема запоставено.
Меѓутоа, во 80-тите години се појави една нова генерација на автори кои се во потрага по оние суптилни разлики во сензибилитетот на младите адолесценти. Ваквиот слободен пристап на писателите од поновата генерација дава надеж дека идните генерации писатели на адолесцентска литература, популарно наречена YAL, ќе бидат во можност да ја развијат оваа литература без никакви предрасуди и стереотипи, без оглед на полот.
Целата студија може да се најде на овој линк.