Проф. Бистра Ангеловска, ФМН: Лековите и сонцето

Во пресрет на топлите сончеви денови објавуваме дел од труд кој го изработи проф. Бистра Ангеловска од Факултетот за медицински науки при УГД. Трудот го поставува прашањето за дејството на сонцето и сончевите зраци врз лековите кои ги употребуваме и нуди решенија за безбедно справување со проблемите кои произлегуваат од ова дејство. 

Употребата на лекови, особено на средства за смирување, антибиотици, лекови за хронични болести пропишани од лекар, како и лекови кои може да се купат без рецепт во светот и кај нас е многу голема.

Нивните корисници најчесто не размислуваат за можните несакани дејства, интеракциите со други лекови или храната и за појавите на несакани ефекти при изложување на сонце. Ултарвиолетните зраци на сонцето се невидливи и не греат, но предизвикуваат хемиски реакции со некои лекови.

Овие реакции може да бидат сериозни и треба да се прекине терапијата или сончањето. Промените најчесто се манифестираат на лицето, вратот, деколтето, како и на другите делови што не се заштитени со облеката. Кожата е црвена, топла, слична на изгореници од сонце. Често чеша и пече, а може да се појават и пликови. Промените најчесто настануваат во период од неколку часа до два дена од изложеноста на сонце. Вакви реакции може да се јават и после половина час, доколку лекот има јако фотосензибилизирачко дејство.

Реакциите што се јавуваат како последица од сончање при истовремена употреба на некои лекови се фотосензитивни реакции. Знаците на фотосензитивност се јавуваат кај лицата кои употребиле некоја фотосензитивна материја, надворешно на кожата, преку органите за варење или во вид на инјекција во доволна количина, а потоа биле изложени на сонце доволно долго време.

Целиот труд може да се прочита на овој линк

Последен пат изменето на Вторник, 03 Мај 2016 15:44
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…