Основна цел на трудот е да помогне во совладувањето практикување комуникациски вештини од аспект на културата на изразување и комуникацијата, но и на најважните теми што ги покриваат комуникациските аспекти на работењето и во менаџирањето со човековите ресурси, внатре во организацијата и во нејзиното опкружување. Нивото и стилот на обработка на материјата се приспособени кон знаењата и потребите за секојдневното работно опкружување. Начинот на појаснување на сите сложени прашања од областа на комуникацијата е пристапен, со примена на пристапи во непосредната практика.
Оттука, концизното и експлицитното презентирање на проблематиката од оваа област дава голема можност за користење на овој материјал. Трудот е напишан со јасен и разбирлив јазик, методолошки структуриран во пет глави кои меѓу себе се надополнуваат, а во секоја од нив се разработени основните поставки, потребата и значењето на практикувањето на културата на изразување и комуникација во секојдневната работа на менаџерот.
Секоја глава започнува со кратко информативно појаснување за точките кои ја обработуваат главната тема понудена на почетокот. На крајот од ракописот соодветно се нотирани библиографските единици кои се цитирани во текстот, а се однесуваат на монографски единици, периодични списанија, статии, извештаи и интернет страници.
Трудот може да се најде на овој линк.