Професор од ТТФ истражува дали виното содржи опасни бактерии

Доц. д-р Киро Мојсов од Технолошко-техничкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип изработи труд во кој ги истражува ефектите на пектолитички ензимски третман на комина од црвено грозје на микробиолошкиот квалитет на вина и стабилност на вино со броење на присуство на квасните клетки (Saccharomyces cerevisiae), по инкубација на  Sabourald-maltose aгар.  

Во текот на истражувањето биле испитани и мостри вино за присуство на мувли и други бактерии, вклучувајќи опасни бактерии Salmonella и ShigellaStaphylococcus aureus, Proteus spp., Sulphite-reducing clostridy и Escherichia coli.

Резултатите од сите вински примероци покажале присуство на квасец Saccharomyces cerevisiae.

Резултатите од споредување на ефектите од пектолитички ензимски препарати во производство на вино на микробиолошкиот квалитет на вина може да придонесат за подобра ориентација во изборот на соодветни ензимски препарати во винската индустрија.

Трудот е објавен во списанието „Perpectives of Innovations, Economics & Business”, Mojsov, Kiro (2012), The effects of pectolytic enzyme treatments of Merlot red grape mashes on the microbiological quality of wines. Perspectives of Innovations, Economics & Business, 11 (2). pp. 110-116. ISSN 1804-0527 (Online), 1804-0519 (Print), (CAB Abstracts).

 

Последен пат изменето на Вторник, 10 Мај 2016 15:44
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…