Семејна дисфункционалност и депресија во период на адолесценција

Во светската литература не постои еден теоретски пристап кој би одговорил на клучните етиолошки прашања за улогата на семејните и родителски ризик-фактори за депресија во адолесценција и механизми на настанување.

Во својот научен труд со наслов „Семејна дисфункционалност и депресија во период на адолесценција“ проф. д-р Ленче Милошева, доктор на психолошки науки,  лиценциран клинички психолог и психотерапевт, воедно и професор на Факултетот за медицински науки, ги интегрира поважните психосоцијални ризик-фактори поврзани со адолесцентната депресија.

Сепак, во заклучокот, она што го смета за најважно, покрај неопходноста од комплементарен и интегриран пристап е неопходност од јакнење на развојно-психолошката и психопатолошката перспектива во истражување и објаснување на етиологијата, појавувања, одржувања и повторувања на депресијата во адолесценција.

Исто тако, развојниот пристап ја нагласува важноста на социјалниот контекст, семејството, социо-културното опкружување, фундаменталната улога на интерперсоналните релации и механизмите на развој - интернализација во текот на развојот, посебно во транзиција на средно детство - рана адолесценција и рана адолесценција - доцна адолесценција.

Целиот труд може да се прочита на овој линк.

Последен пат изменето на Петок, 13 Мај 2016 12:43
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…