Експерти од пракса им ја отворија е-продажбата „зад сцената“ на студентите од ФТБЛ

Во текот на мината седмица пред студентите од насоката Бизнис администрација на Факултетот за туризам и бизнис логистика предавање одржа Бојан Иванов, главен технички директор и соосновач на дигиталната агенција „#Different“. Темата на предавањето беше „E-commerce behind the scenes“, а истото се одржа во склоп со наставната програма по предметот Е-бизнис.

Иванов, воден од сопствените познавања и искуства, пред студентите од трета година ги елаборираше состојбите со е-бизнисот, е-трговијата и е-маркетингот, како и неопходните предуслови за започнување и менаџирање на успешен е-бизнис глобално и кај нас.

Целта на предавањето беше да се прикажат можностите и ограничувањата за започнување на сопствен е-бизнис, а воедно и да се мотивираат и инспирираат студентите за нивно професионално остварување.  

Последен пат изменето на Понеделник, 16 Мај 2016 09:20
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…