Целта на трудот чии автори се Кристина Козовска и Зу Јихе од Факултетот за медицински науки во Штип и Благица Арсовска од Институтот по биологија во Скопје е да се прикажат најважните точки за акупунктура кои се третираат при хипотироидизмот и резултатите од овој начин на лекување.
За целите на истражувањето, со овој метод е третирана 24-годишна пациентка заболена од Хашимото хипотироидизам, автоимуно заболување. Третманите ѝ се правени секоја недела во текот на три години, до моментот кога вредностите на хормоните ТСХ и Т4 се нормализирани. За време на третманите, таа има направено седум проверки на тироидната жлезда.
Резултатите покажаа дека почнувајќи од првиот третман, вредностите на хормоните почнале да се нормализираат. Резултатите по тригодишното лекување покажале нормални вредности на хормоните.
Заклучокот кој авторите го донесоа по завршувањето на трудот се дека акупунктурата дава задоволителни резултати и во голема мера ја подобрува состојбата на хипотироидизам.
Целиот труд може да се најде на овој линк