Образование

Младински образовен форум (МОФ) во рамки на проектот „Студентска перцепција за дискриминација“, поддржан од Фондацијата „Отворено општество Македонија“, спроведува истражување со цел да се актуализира и намали дискриминацијата во високото образование.

Анкетата, наменета за истражување на студентската перцепција во однос на дискриминацијата е дизајнирана да ни помогне да стекнеме разбирање, запознавајќи се со перспективите и искуствата на нашата заедница поврзани со различноста, правичноста и вклученоста.

Собраните податоци ќе се користат за разбирање на моменталната клима во универзитетските кампуси. Учеството во оваа анкета е целосно доброволно и пополнувањето на истата трае околу 15 минути за да се заврши.

Линк до анкетата: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdoxav8oOA0J4Kr2tkXIBRtPXZeE5G612L6TX5bbg6S-Q-IhQ/viewform

Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со повеќе универзитети од државата ќе има онлајн презентација на своите можности за сите заинтересирани во целиот свет. Особен фокус се младите луѓе во Русија, но на линковите за презентација за учество во овој саем ќе можат да се приклучат млади луѓе и потенцијални студенти од целиот свет.

Саемот за образование ќе се одржува од 3 до 6 јуни, а Универзитетот „Гоце Делчев“ својата презентација ќе ја има на 4 јуни 2021 година во 12 часот по македонско време.

Има повеќе платформи каде што ќе може да се следи целиот настан во живо. Една од нив е платформата Јутjуб.

 

Доколку сакате поинтерактивно следење на презентациите можете да се приклучите и на Зум платформата на следниов линк:

Topic: STUDY FAIR of Macedonian Universities | Educational consultants

Time: Jun 4, 2021 12:00 PM Skopje time

Join Zoom Meeting

https://zoom.us/j/97424696872?pwd=c2hQdVViNnZ5cGlGcTdlWTZBYmZJdz09

Meeting ID: 974 2469 6872

Passcode: 4444

Целиот саем е во организација на Националната агенција за европска едукација и мобилности, а има за цел да се промовира македонското високо образование во светот. За таа намена направени се и специјални веб-страници кои ќе го презентираат Универзитетот. Страницата за УГД може да се најде на следниот линк: Goce Delcev University in Shtip (universityexpo.online)

 

Филолошкиот факултет денес го одбележа 5 мај - Денот на македонскиот јазик. Годинава воедно се одбележува и 100 години од раѓањето на великанот Блаже Конески.

  • На денешен ден е озаконета азбуката на македонскиот јазик. Ние денес како факултет, поддржани од УГД и Универзитетската библиотека и Општината, го одбележуваме овој празник. Чест ни е, затоа што оваа година е 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески - изјави деканката на Филолошкиот факултет при УГД, проф. д-р Драгана Кузмановска.

На настанот беа доделени и стипендии за средношколците кои се пријавија на Конкурс за награден есеј. Неколку средношколци добија стипендии за бесплатно студирање во прва година на Универзитетот „Гоце Делчев“, на кој било факултет. На настанот свое присуство и учество имаа и од Фондацијата „Небрегово“ која го носи името на местото на раѓањето на големиот великан Блаже Конески.  

  • Ние славиме два јубилеја: 100 години од раѓањето на Блаже Конески и 20 години од формирањето на нашата фондација. Фондацијата заедно со Универзитетот „Гоце Делчев“ денес слави уште еден голем настан. Фондацијата за македонски јазик распиша два конкурса на кои се јавија многу ученици и студенти кои ќе добијат пригодни награди денес - изјави Атанас Конески, секретар на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“.

        Градоначалникот на Штип, Сашко Николов, исто така го поздрави настанот и истакна дека Општина Штип ќе биде поддршка на овој и вакви настани.

  • Во година во која се одбележуваат 100 години од раѓањето на Блаже Конески како град сме почестени што една ваква манифестација се одвива токму во Штип. Ние како општина и јас како градоначалник ја поддржуваме ваквата и слични активности на Филолошкиот факултет и на Универзитетот „Гоце Делчев“ и стоиме на располагање во организација на вакви активности - изјави градоначалникот на Штип, Сашко Николов.

Настанот се одржа на платото пред Библиотеката „Гоце Делчев“ во Штип.

Еден од главните предизвици во работењето на Националната агенција за образовни програми и мобилност во наредниот период (2021-2027) ќе биде интернационализацијата. Ова го изјави директорот на Агенцијата, Марко Ѓоргиевски, кој имаше средба со ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, проректорот за настава и студенти проф. д-р Мишко Џидров и со координаторката на Еразмус плус програмата на УГД, м-р Сања Стефанова.

- Во новата програма за периодот 2021-2027 година се очекува буџетот на програмата Еразмус плус да биде зголемен двојно и поради тоа сме овде на УГД, да разговараме за тоа кои се најбитните предизвици кои следуваат. Една од најбитните работи е интернационализацијата, бидејќи ние ќе се залагаме таа да биде пренесена и на нашите универзитети, да имаме што е можно повеќе студиски програми на странски јазици, на англиски јазик, за да можеме да станеме интересни и како универзитети и како држава за странски студенти. Разговаравме и за видливоста на програмата Еразмус, како да се подобрат некои работи, како да се зголемат капацитетите,  бидејќи мораме во наредниот период да ги зголемиме мобилностите кои се шанса за сите млади луѓе, дали преку младински размени, дали преку студирање на семестри надвор од нашата земја, ќе претставуваат подобрени вештини по враќањето во Македонија, со тоа што подобро ќе бидат прифатени и на пазарот на труд – изјави Ѓоргиевски.

Универзитетот „Гоце Делчев“ со сите чекори кои досега ги има преземано е подготвен за интернационализацијата која се најавува од националната агенција, вели Еразмус координаторот на УГД, м-р Сања Стефанова.

- УГД веќе подготвува студиска програма на англиски јазик на Факултетот за медицински науки. Досега имавме на Факултетот за информатика, но исто така секој професор е обврзан доколку има странски студент да подготви програма, начин на држење на предавања и полагање на испити на англиски јазик. Во овој сектор интензивно работиме во изминатите пет години, веќе имаме план, база, и ги знаеме можните проблеми. Се надевам дека во иднина голем дел од програмите ќе бидат уште поотворени, не само за студентите преку програмата Еразмус плус, туку и на интернационално ниво, за студентите од странство кои сакаат да студираат на УГД.

Стефанова потсетува и дека УГД и покрај Ковид кризата продолжува да ги реализира Еразмус плус мобилностите. Завршен е Конкурсот и се очекува над 25 студенти од септември да заминат на некои европски универзитети и да доаѓаат студенти на УГД. И покрај тоа што голем дел од мобилностите беа откажани, УГД одговори на предизвикот со тоа што дел од наставата и мобилностите се онлајн. 25 студенти од странство се присутни на УГД, а 12 (од Италија, Полска, Србија итн.) студираат онлајн преку платформата Microsoft teams. Овој тренд потврдува дека програмата Еразмус плус останува отворена и за студентите на УГД и за оние кои од другите држави и универзитети ќе дојдат на УГД.

 

Универзитетот „Гоце Делчев“ преку проректорот за настава проф. д-р Мишко Џидров учествуваше на петтиот „Microsoft Connections Summit 2021”, кој има глобален карактер и учествуваат универзитети од целиот свет.

Campus Connections Summit (CCS) ги спојува лидери во високото образование на глобално ниво со цел да ги споделат најдобрите практики и да разговараат за нови стратегии и дигитална трансформација во високото образование. 

Страница 3 од 31
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…