Образование

Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип го задржува континуитетот на организирање на Меѓународна научна конференција на тема „Современото воспитание и образованието – состојби, предизвици и перспективи“, која оваа година ќе се одржи по шести пат, на 11 и 12 мај 2018 година во Штип.

Во рамките на Еразмус програмата за наставнички кадар, доц. д-р Емилија Арсов одржа предавања на Биолошкиот факултет на Софискиот универзитет во Бугарија. Целта на посетата беше да се пренесат информации за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и да се запознаат студентите со Еразмус можностите на УГД.

Во рамките на проектот што го реализира Катедрата за економија на Економскиот факултет при УГД во соработка со Министерството за економија и НБРМ, пред студентите на Економскиот факултет со предавање за монетарната политика гостуваше вицегувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангелоска-Бежоска.

На последната Ректорска управа, Универзитетот „Гоце Делчев“ донесе серија одлуки кои се однесуваат на различни аспекти од работењето на Универзитетот. Една од одлуките е поддршка и финансирање на докторските студии и поддршка на асистентите-докторанди кои се дел од Универзитетот.

Kатедрата за економија на Економски факултет во Штип доби грант од реномираниот Економски институт CERGE-EI на Карловиот универзитет во Прага за одржување на две стручни работилници и семинари. Едниот семинар се реализира во соработка на НБРМ и Министерството за финансии, во просториите на НБРМ. Темата на курсот е макроекономско планирање и моделирање преку „agent-based“ пристапот.

Центарот за електронско учење на УГД (ЦЕУ) реализираше воведен курс за дизајнирање и креирање на видеолекции, кој е наменет за наставничкиот кадар на Универзитетот „Гоце Делчев“ (професори и асистенти). Целта на овој курс е да се обучат професорите и асистентите за нов начин на пренесување на знаењата, со користење на современите технологии во новите пристапи во наставата.

Страница 8 од 31
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…