Она што ќе биде напишано на хартијата ќе може да се избрише со нејзино загревање до 120 степени, а потоа ќе може одново да се пишува до 80 пати. Ваков вид на хартија е произведена од еколошки причини, а најмногу поради зголеменото уништување на шумите.
Тајната на оваа технологија се наоѓа во хемиската супстанца која менува боја. Нејзин тенок слој може да се аплицира на стандардна хартија и така се користи повеќе пати.
Ова ново технолошко откритие дефинитивно ќе има големо влијание врз економијата и животната средина во современото општество, бидејќи производството на хартија претставува голем извор на загадување, а тоа важи и за процесот на рециклирање на хартијата поради постапката за отстранување на мастилото. Уништувањето на шумите е исто така голем проблем, па научниците веќе подолго време се обидуваат да пронајдат алтернатива на хартија каква што користиме денес.
Слојот за премачкување на хартијата се состои од син пигмент кој станува безбоен кога ќе прими електрони и титаниум диоксид кој ја забрзува хемиската реакција кога е изложен на УВ светлина. Кога тие ќе се помешаат хартијата добива сина боја. Кога УВ светлината ќе дојде до слојот, титаниум диоксидот ослободува електрони кои потоа собираат честички со син пигмент и ги претвора во безбојни, па така позадината станува безбојна, а текстот син. Со 10-минутно загревање на хартијата буквите се бришат.
Ваквата хартија нема да чини многу повеќе од обична, а научниците за неа ќе дизајнираат ласерски печатач и ќе се обидат да употребат поширок спектар на бои.