Приказ на предметите според таг: studenti
(Видео) Со концерт на Емилија Потевска започна „Уметничка пролет“
Со концерт на Емилија Потевска започна манифестацијата „Уметничка пролет“ на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Оваа манифестација се одржува по вторпат и е во рамките на одбележувањето на јубилејот 10 години УГД. Потевска во Мултимедијалниот центар изведе композиции од македонскиот автор Димитрие Бужаровски, кои се базирани на македонски народни теми. Практично, македонските народни песни обработени во класична пијано верзија, со примеси на џез, експресионизам, импресионизам...
(Видео) Уметничка пролет на УГД – концерт на Емилија Потевска-Попивода
Во рамките на одбележувањето на јубилејот Десет години УГД ќе се одржи и манифестацијата „Уметничка пролет“, која годинава ќе започне со концертот на пијано на Емилија Потевска-Попивода, во четврток, 16 март, со почеток во 19 часот.
(Видео) Фулбрајт стипендии за студенти и академски кадар на УГД
Студенти и академски кадар од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип имаа можност да се запознаат со можностите што ги нуди Фулбрајт студент програмата на Амбасадата на САД во Република Македонија. Презентацијата ја одржа Газменд Иљази, асистент за образовните програми во Амбасадата на САД.
Лекари од САД одржаа работилница за пластична хирургија на УГД
Двајца лекари од САД денеска пред студенти, професори и лекари од Штип одржаа предавање на тема „Пластична хирургија и третман на рак на дојка“.
(Видео) Културата на говорот е наше богатство
Реториката, културата на говорот, како и убавиот пишан збор беа во центарот на вниманието на студентите на Филолошкиот факултет при УГД, преку средбата што ја имаа со поетот Стојан Тарапуза и проф. д-р Кристина Николовска од Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“ во Скопје.