Приказ на предметите според таг: studenti

Универзитетското студентско собрание на УГД во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Штип и Службата за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција. Оваа хуманитарна активност беше организирана по повод светскиот ден на студентите, 17 ноември.

Објавено во Студенти

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип во соработка со Мајкрософт нуди една нова програма Student Ambassadors Programme (Програма за студенти амбасадори). Сите активни студенти можат да бидат дел од глобалната група на амбасадори кои се желни да им помогнат на студентите и нивните заедници.

Објавено во Студенти

Почитувани студенти на УГД,

Пандемијата ни ја ограничи можноста за движење, но не и мотивацијата, спортскиот и натпреварувачкиот дух. За да го потврдиме тоа, ве повикуваме да се приклучите во Меѓународниот универзитетски виртуелниот спортски предизвик организиран од страна на Универзитетот во Антверпен – Белгија. Регистрирајте се на линкот и вклучете се во еден од трите виртуелни предизвици во фудбал, одбојка и кошарка.

Објавено во Студенти

Студентите од Технолошко-техничкиот факултет под менторство на вонреден професор м-р Ванѓа Димитријева-Кузманоска на 24.10.2020 година со почеток во 13 часот ќе се претстават со своја колекција изработена од текстилен отпад  од неколку текстилни фабрики во Штип на настанот „ДЕНОВИ НА ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА - ПРОМОЦИЈА НА МЛАДА ГЕНЕРАЦИЈА", организиран од ТТЗ - Текстилниот кластер на Македонија преку ИПА-програмата за погранична соработка С. Македонија-Бугарија, кои на студентите им овозможија да учествуваат во повеќе проекти, на кои тие ќе се претстават со свои колекции.

Објавено во Студенти

Неколку студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ изминатиот викенд беа дел од тридневниот настан организиран од Црвен крст Штип. Настанот насловен како „Семинар за мотивација и унапредување на доброволно крводарителство во РС Македонија со студентска популација“ се одржа во центарот „Солферино“ во Струга, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Објавено во Студенти
Страница 5 од 78
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…