Приказ на предметите според таг: studenti

Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД и Шпаркасе банка во пракса реализираат соработка од која најголем бенефин ќе имаат студентите.

Деканката на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков, и проректорот за настава, проф. д-р Мишко Џидров, од Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип, заедно со менаџментот на Шпаркасе банка  на најдобрите студенти од VII семестар на Факултетот за туризам и бизнис логистика им доделија стипендии за исклучителниот висок успех во нивното студирање.

На најдобрите студенти, освен стипендии, ќе им се овозможи и понатамошна пракса во рамките на Шпаркасе банка, тренинг од областа на банкарското работење и можност за вработување.

Факултетот за туризам и бизнис логистика посветено работи на унапредување на компетенциите и вештините на своите студенти во согласност со потребите на бизнисот, на нивното вмрежување на пазарот на труд, потврдувајќи безброј успешни приказни токму преку нив.


Објавено во Студенти

Илија Ивановски е првиот студентски правобранител на Универзитетот „Гоце Делчев“. Универзитетскиот сенат неодамна го потврди неговиот избор по предлог на Универзитетското студентско собрание.

Објавено во Студенти

Средба за добредојде организираше Одделението за меѓународна соработка за 20-тина студенти од повеќе европски држави, кои преку програмата Еразмус плус во наредниот период ќе престојуваат во Штип, на факултетите на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Објавено во Студенти

Програмата за праксa на германскиот бизнис им овозможува на студентите и младите дипломци да стекнат прво работно искуство во водечки компании во Германија. Со тоа Програмата за пракса придонесува за остварување практични обуки и понатамошно образование на млади луѓе кои се подготвени да размислуваат „Out oft he Box“ и да го обликуваат економскиот развој на нивните матични земји.

Програмата за праксa на германскиот бизнис за земјите од Западен Балкан беше иницирана по убиството на премиерот на Србија, д-р Зоран Ѓинѓиќ. Програмата е иницијатива на Германската источна деловна асоцијација (Оst-Аusschuss der Deutschen Wirtschaft) и Федералното министерство за економска соработка и развој (BMZ).

На годишно ниво, Програмата за практиканти на германски бизнис нуди до 75 стипендии и места за студенти и млади дипломци, како и можност да стекнат практично искуство преку практикантство во компании во Германија. Носителите на стипендии имаат можност да го применат своето теоретско знаење што го стекнале за време на нивното академско образование во рамките на нивната практикантска работа специфична за компанијата во Германија.

Со помош на програмата, студентите имаат можност да се пријават за праксa во следниве полиња:

  • Бизнис администрација, економија и право
  • Финансии
  • Електротехника
  • Компјутерски науки и бизнис информатика
  • Механички инженеринг
  • Индустриско инженерство и логистика
  • Технологија, природни и еколошки науки
  • Градежништво и архитектура
  • Новинарство
  • Земјоделство

Кој може да аплицира?

  • Студенти на додипломски студии кои се запишани во петти или повисок семестар во моментот на апликација, студенти на магистерски или докторски студии и млади дипломирани студенти кои дипломирале по 1 јануари 2021 година, имаат право да аплицираат.
  • Областа на студии на кандидатите треба да се фокусира на економијата, бизнис администрацијата, различни области на инженерство, земјоделство, архитектура или новинарство.
  • Апликантите не треба да бидат постари од 29 години кога аплицираат.
  • Потребно е многу добро познавање на англиски јазик. Германскиот јазик е предност, но не е задолжителен. Исклучок: кандидатите кои аплицираат за стажирање во областите на архитектура или трговско право се бара да имаат добро познавање на германски јазик (минимално ниво Б2).
  • Кандидатите од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, кои студираат или ги завршиле студиите во една од овие земји, имаат право да аплицираат. Не ги исполнуваат условите да аплицираат кандидатите кои се запишани како редовни студенти на универзитетите надвор од овие земји и оние кои веќе имаат завршено додипломски или магистерски студии надвор од регионот.

За сите информации, посетете ја веб-страницата на програмата: https://www.djindjic-stipendienprogramm.de

Рокот за пријавување за генерација 2022 г. е 16.11.2021 година.

Објавено во Студенти

Универзитетскиот спортски и културен центар, под посебни протоколи и услови поради ковид пандемијата, по деветти пат ги организираше УГД Спортските лиги. Истите се започнаа во март, во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Универзитетот, но поради ковид мерките, финалните натпревари се одржаа во текот на мај. Паралелно се одвиваа и УГД Фит предизвиците, како и едукативните вебинари иницирани од УСКЦ „Петок во пет“. 

Студентите оваа година се натпреваруваа во следниве категории:

  • Атлетска трка на 2 км (мажи и жени)
  • Рекреативна велосипедска трка (мажи и жени)
  • Пинг-понг (мажи и жени)
  • Мал фудбал (мажи)
  • Одбојка (мажи и жени)
  • УГД ФИТ предизвици - 6 различни предизвици (онлајн настан).

Наградите на најдобрите во сите категории беа доделени на 10 јуни 2021 година од страна на проректорот за настава и претседател на УСКЦ проф. д-р Мишко Џидров. Наградите беа обезбедени од страна на Универзитетскиот спортски и културен центар.

Преку овие активности се потврди дека и во услови на пандемија можеме да бидеме активни и да го одржиме натпреварувачкиот и спортскиот дух.

Активностите на УСКЦ продолжуваат во слична насока, односно промоција на спортот, физичката активност и здравиот начин на живот во различни услови и форми и со една единствена цел - За активен и здрав УГД.

Еве ги најдобрите на УГД Спортските лиги 2021:

ОДБОЈКА - мажи

  1. место  Електротехнички факултет
  2. место  Факултет за информатика
  3. место  Факултет за медицински науки

ОДБОЈКА - жени

  1. место    ФТБЛ
  2. место    ФОН
  3. место   Земјоделски факултет

МАЛ ФУДБАЛ - мажи

  1. место Земјоделски факултет
  2. место  Факултет за информатика
  3. место  Факултет за медицински науки

ПИНГ-ПОНГ - мажи

  1. место  Кристијан Ристов - ИФ
  2. место Мики Митрев - ИФ
  3. место Дарко Сенев - ЕТФ

ПИНГ-ПОНГ - жени

  1. место Сара Стојанова - ФМН
  2. место Марина Михајлова - ФОН
  3. место Пепита Ристова

АТЛЕТИКА - мажи

  1. место Трајче  Горгиев - ИФ
  2. место Мики Митрев - ИФ
  3. место Кристијан Ристов -ИФ

АТЛЕТИКА - жени

  1. место Марија  Митева - ФМН
  2. место Бојана Трајанова - ФТБЛ
  3. место Елена Михајлова - ФОН

ФИТ ПРЕДИЗВИЦИ 2021 година

Подигање на трупот (стомачни) – жени

  1. место  Маја Јончевска - ФМН
  2. место Марина  Михајлова - ФОН
  3. место Марија  Митева - член на ОК УГД

Склекови – жени

  1. место  Наталија Угрева - член на ОК УГД
  2. место  Маја Јончевска - ФМН
  3. место  Бојана Трајанова – ФТБЛ

Поскоци со јаже

  1. место Марија  Кутуловска - ФМН
  2. место Бојана  Трајанова - ФТБЛ
  3. место Сара  Стојанова - ФМН

Поскоци на греда

  1. место Сара  Стојанова - ФМН
  2. место Наталија  Угрева - член на ОК УГД
  3. место  Марина Михајлова – ФОН

Одбивање на топка прсти/чекан – жени

  1. место  Пепита Ристова - член на ОК УГД
  2. место Марија  Митева - член на ОК УГД
  3. место Елена Михајлова - ФОН

Одбивање на топка прсти/чекан – мажи

  1. место Трајче  Барбареев - член на ОК УГД
  2. место Филип  Трајанов - член на ОК УГД
  3. место Никола  Димитров – ЕФ

Склекови - мажи

  1. место Никола  Димитров - ЕФ
  2. место Трајче  Барбареев - член на ОК УГД
  3. место Филип  Трајанов - член на ОК УГД

Подигање на трупот (стомачни) – мажи

  1. место Филип  Трајанов - член на ОК УГД
  2. место Никола  Димитров - ЕФ
  3. место Трајче  Барбареев - член на ОК УГД


Објавено во Студенти
Страница 2 од 78
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…