Приказ на предметите според таг: studenti
Ски курсеви за студентите на УГД
Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ и оваа година ќе имаат можност да посетат курс по скијање, во рамки на предметот Спорт и рекреација. Курсот се организира во рамките на соработката што ја имаат Одделот за спорт на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Голем број на признанија за УГД во изборот за спортист на годината на Општина Штип
Годинашниот избор за спортист на годината на Општина Штип донесе голем број награди за спортистите и спортските клубови на Универзитетот „Гоце Делчев“. Покрај спортистите, признанието за поддржувач на спортот му припадна на Универзитетот „Гоце Делчев.
Проект за поголема вклученост на студентите во спортски активности
Универзитетот „Гоце Делчев“, преку Универзитетскиот спортски центар, започнува со нов проект и активности поврзани со мотивацијата на студентите за вклучување во физичка активност и спорт.
Според студентите, проф. д-р Рубин Гулабоски е најинспиративниот професор
Според анкетата што ја спроведе веб-страницата fakulteti.mk, професорот Рубин Гулабоски од Факултетот за медицински науки при УГД е избран за најинспиративниот професор на овој Универзитет.
(Видео) Студентите од ТТФ со текстилни табли им помагаат на најмладите да ја научат азбуката
Студентите од Технолошко-технички факултет при УГД и оваа година изработија текстилни едукативни табли за најмалите ученици во основните улилишта во Штип. Станува збор за табли кои се изработени од текстил, преку кои учениците на креативен и лесен начин ќе ја учат азбуката.