Приказ на предметите според таг: umetnost
Концерт на современа македонска музика трио „Грациозо“
Музичкото трио „Грациозо“ на 19 октомври се претстави пред многубројната публика во Кавадарци, каде што се претставија со палета на композиции од современата македонска културна ризница, како С. Стојков, Т. Зографски, Т. Скаловски, Д. Шуплевски, Т. Прокопиев и сплет од фолклорни македонски композиции во аранжман на С. Иванов.
Виктор Филиповски од Музичката академија – најдобар млад џез музичар
Признанието „Golden Oryx“, што за достигнувања во полето на културата го доделува „Катар ервејс“, годинава му беше врачено на Виктор Филиповски кој во изминатиов период се истакна како тапанар на повеќе состави.
Награда „11 Октомври“ за Влатко Стефановски
Државната награда „11 Октомври“ за 2017 година ја добија музичкиот уметник Влатко Стефановски и историчарот проф. д-р Амет Шериф. Стефановски ја доби наградата за животно дело во областа на културата и уметноста, а Шериф во областа на науката и образованието.
Мултимедијална изложба „Роберт Музил и Првата светска војна“
Во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип беше отворена изложбата „Роберт Музил и Првата светска војна“. Поставувањето на оваа изложба во Штип е благодарение на соработката на Универзитетот „Гоце Делчев“ и Амбасадата на Австрија во Р Македонија.
Мултимедијална изложба „Роберт Музил и Првата светска војна“
Во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип, во среда (20.9.2017 година), ќе биде отворена изложбата „Роберт Музил и Првата светска војна“.