Приказ на предметите според таг: umetnost

Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ и НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип организираа Летна школа за дизајн. Летната школа се одржа во просториите на Библиотеката и е трета по ред. Школата покажува дека соработката на ТТФ и Библиотеката е успешна.

Објавено во Уметност

Дваесет и тројца студенти на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на летната сцена на Националната установа Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ ги прикажаа своите модни креации во рамките на проектот „Во светот на бајките“, кој е финансиски поддржан од Министерството за култура.

Објавено во Уметност

Студентите на Музичка академија при УГД, заедно со своите професори, утре (7.6.2017 г.) во  20 часот ќе одржат концерт во просториите на Музичката академија. Концертот ќе биде предводен од студентите на Етнокореологија, но ќе настапат и студентите на Џез студии, затоа што и тие изучуваат дел од предметите кои се однесуваат на традиционалните македонски инструменти.

Објавено во Уметност
Четврток, 25 Мај 2017 12:37

Отворена изложбата „Еднаш ние“

Три факултети/академии се преклопија со своите активности во изложбата насловена „Еднаш ние“, отворена во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип. Во галеријата се изложени цртежи, слики и скулптури  на студентите на Ликовната академија, а студентите од насоката Архитектура и дизајн на Факултетот за природни и технички науки изложија плакати и дизајнерски решенија.

Објавено во Уметност

Членовите на камерниот состав „Трио Академико“, проф. м-р Златка Митева на флејта,  проф.  д-р Бранко Павловски на кларинет и доц. м-р Наташа Трбојевиќ на пијано, неодамна успешно се претставија пред музичката публиката во Хрватска и во Србија со целовечерни концерти на камерна музика, промовирајќи ја Музичката академија и УГД - Штип.

Објавено во Уметност
Страница 19 од 39
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…