Образование

Според анкета на порталот fakulteti.mk, деканот на Факултетот за медицински науки проф. д-р Рубин Гулабоски е на четвртата позиција на листата најдобри професори во државава.

Во Африка, североисточно од Дакар, во Сенегал се наоѓа едно од најнеобичните езера во светот.

Наместо да им го каже наставниот план пред почетокот на неговиот час, Улмер на секое дете му кажува посебни зборови со кои тие се охрабруваат. Улмер објаснува дека комплиментите се спроведување на нова практика во училницата и со нив се создава попозитивна средина.

Концептот на праведност ги опфаќа сите луѓе, од децата на игралиштето до бизнисмените во преговорите. Научна студија вели дека културните разлики ги обликуваат децата дали ќе развијат чувство на фер и праведност со значителни варијации меѓу државите.

Современата настава и учење има тројна мисија:

  1. Да овозможи разбирање на светот, како услов за соочување со него и адаптирање на него;
  2. Да обезбеди активно дејствување во светот, бидејќи само на тој начин е можно негово менување, како и унапредување;
  3. Да оствари градење на сопствениот идентитет во тој свет, што подразбира да се осознае вредноста на личниот придонес, одговорност и место во него.

Постои силна врска помеѓу навиките за читање во домот во кој расте детето уште во неговата најрана возраст и напредокот на детето уште во првите училишни денови. Ова е заклучок донесен при истражување направено од истражувачкиот проект „On Track” и Норвешкиот центар за читање на Универзитетот во Ставангер, Норвешка.

Страница 28 од 31
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…