Образование

Интересот за студирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ е според очекувањата. Близу 1.700 кандидати се пријавиле само во првиот уписен рок, што претставува одличен показател дека УГД е главен избор на голем број средношколци во државата.

Глобалната младинска организација и интернационална невладина организација „International Youth Fellowship“ инфраструктурно и организационо помогната од Универзитет „Гоце Делчев“ организира Корејски камп во Штип на 28 и 29 септември.

Потребни се 30 волонтери кои ќе бидат дел од тимовите за организација на програмата, тим за настапи и презентација и тим за раководење и одржување.

Универзитетот „Гоце Делчев“ и Врховниот суд на Република Македонија потпишаа Меморандум за соработка преку кој ќе остваруваат заеднички активности.

Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип го објавува повикот за доставување на трудови за вториот број на списанието „Student’s Social Science Journal“, наменет за студентите запишани на прв, втор и трет циклус студии. Списанието е од областа на правните,  политичките и социолошките науки и во него може да се објавуваат стручни и научни ракописи.

Делегација од Универзитетот „Гоце Делчев“ неодамна присуствуваше на третата лидерска средба на лидери од Кина, од Централна и од Источна Европа. На оваа средба лидерите од овие делови на светот договараа меѓусебни соработки и проекти. Средбата се одржа во Тангшан, провинција Хабеи (Кина), а УГД беше претставен од проректорот за настава доц. д-р Кирил Барбареев и генералниот секретар на УГД м-р Ристо Костуранов.

Двајца професори од Турција во рамките на  програмата Еразмус плус одржаа концерт и серија предавања пред студентите на Музичката академија. Станува збор за професори од Универзитетот во Нигде, Турција.

Страница 16 од 31
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…