Образование
Четврта година по ред Факултетот за образовни науки при УГД го одбележува Денот на учителот (5 октомври) со научно-стручна трибина на која се анализираа предизвиците со кои се соочува денес учителската професија.
Со цел да се продлабочи соработката помеѓу двата правни факултети, при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот во Ниш, Р. Србија, неодамна беше потпишан Договор за соработка. Договорот го потпишаа двајцата декани, од Правниот факултет во Ниш, проф. д-р Саша Кнежевиќ и проф. д-р Јован Ананиев, декан на Правниот факултет при УГД.
Соработката која и досега ја имаат Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Шпаркасе банка од денеска е официјализирана преку потпишување на Меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа генералниот директор на Шпаркасе банка, Глигор Бишев, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Блажо Боев.
Образовни институции од Шведска, Бугарија и Македонија се собраа денес на третата работилница во рамките на проектот за интегрирање на отворени едукативни ресурси во училниците. Работилницата се одржа на Кампусот 2 на УГД и во рамките на таа работилница се споделија знаења и искуства за тоа како подобро да се имплементираат новите технологии во процесот на образование.
Голем број постари учители, првите ученици во Учителската школа на Штип и првенците од штипските училишта, денес се собраа на едно место да го одбележат јубилејот – 70 години учителско образование во Штип.
Заврши вториот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“, а воедно и запишувањето на кандидатите примени од првиот уписен рок. Интересот за студирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ е голем. Дел од студиските програми на факултетите ги пополнија квотите за упис.