Приказ на предметите според таг: obrazovanie
На Филолошкиот факултет промовирана „Хераклеја линкестис“ од проф. д-р Вања Ангелова
Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во рамките на програмата „Еразмус плус“ е домаќин на уште еден професор од Бугарија. Во рамките на воспоставената соработка со Универзитетот во Велико Трново, во еднонеделен престој на Филолошкиот факултет престојуваше проф. д-р Вања Ангелова.
(Видео) Интервју со амбасадорот на САД: Ако се создадат услови младите ќе се вратат во Македонија
Амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли, во ексклузивно интервју за Универзитетското радио и телевизија одговора на прашања за предизвиците со кои се соочуваат младите и македонското општество.
Проф. д-р Ленче Милошева учествуваше на Конференцијата на Европската асоцијација на универзитети
На 7 и 8 јуни на Универзитетот во Љубљана се одржа Конференција на Европската асоцијација на универзитети и Советотот на докторско образование, „11th EUA-CDE Annual Meeting: Excellence through Diversity: Doctoral education in a globalised world“, каде што присуствуваа 223 учесници од 35 земји.
Повик за доставување на трудови во „South East European Law Journal“
Правниот факултет при УГД - Штип се приклучи како членка во правното списание за Југоисточна Европа „South East European Law Journal - SEE Law Journal“ во рамките на проектот Мрежа на правни школи од Југоисточна Европа (South East European Law School Network - SEELS). Списанието првпат оваа година е поддржано од програмите Erasmus + и Jean Monnet.
Учителите го менуваат светот – инспиративни говори на студенти и средношколци
Инспиративните говори на студентите и средношколците за нивните учители му дадоа емотивен белег на второто издание на манифестацијата „Учителите го менуваат светот“, во организација на Факултетот за образовни науки на УГД.