Приказ на предметите според таг: obrazovanie
Стручни работилници на Катедрата за економија на Економски факултет
Kатедрата за економија на Економски факултет во Штип доби грант од реномираниот Економски институт CERGE-EI на Карловиот универзитет во Прага за одржување на две стручни работилници и семинари. Едниот семинар се реализира во соработка на НБРМ и Министерството за финансии, во просториите на НБРМ. Темата на курсот е макроекономско планирање и моделирање преку „agent-based“ пристапот.
Одржан курс за креирање видеолекции
Центарот за електронско учење на УГД (ЦЕУ) реализираше воведен курс за дизајнирање и креирање на видеолекции, кој е наменет за наставничкиот кадар на Универзитетот „Гоце Делчев“ (професори и асистенти). Целта на овој курс е да се обучат професорите и асистентите за нов начин на пренесување на знаењата, со користење на современите технологии во новите пристапи во наставата.
Земјоделскиот факултет ги едуцираше земјоделците во Преспа
На 29 и 30 ноември, во Ресен, во соработка со Федерацијата на фармерите на Република Македонија, Земјоделскиот факултет спроведе работилници на тема „Економски алтернативи за земјоделците во Преспа“.
Промоција на книгата „Методи на наставата по странски јазик“
Kнигата „Методи на наставата по странски јазик“ (“Methoden des fremdsprachlichen Deutscunterrichts"), преведена на македонски јазик од проф. д-р Валентина Илиева од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, беше промовирана на Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Книгата „Методи на наставата по странски јазик“ е учебно помагало кое за првпат се преведува во Република Македонија.
Промоција на книга и предавање од проф. д-р Јурка Лепичник-Водопивец
Проф. д-р Јурка Лепичник-Водопивец од Педагошкиот факултет на Приморскиот универзитет во Копер, Словенија, промовираше своја книга и одржа предавање на Факултетот за образовни науки. Книгата „Од образование за животна средина до одржлив развој во детските градинки“ ја преведе проф. д-р Кирил Барбареев, а беше промовирана во присуство на професори и студенти од Факултетот за образовни науки, како и кадар од детските градинки во Штип.