Приказ на предметите според таг: obrazovanie
Задолжителни педагошки сертификати за сите професори во високото образование?
Задолжителен сертифициран педагошки тренинг за сите кои се дел од високото образование е една од препораките на извештајот „Модернизација на високото образование“ на Европската комисија за подобрување на наставата во високото образование.
Актуелните трендови во високото образование
Во изминатиов период Универзитет „Гоце Делчев“ беше дел од европската Конференција „Актуелните трендови во високото образование“. Конференцијата има за цел интернационализација на високото образование и усвојување на некои правила во образовниот процес кој ќе значи хармонизирање на високообразовните институции на ниво на Европа.
Студентите од ТТФ преку дизајн ќе им помогнат на првоодделенците да ја совладаат азбуката
Студентите од Технолошко-технички факултет при УГД изработија модели за полесно совладување на азбуката. Станува збор за модели на дрвја кои беа изработени од мебел штоф, а целта е преку интересен визуелен начин полесно да се совлада азбуката.
Џез работилница и концерт на реномираните Михаљ Дреш и Миклош Лукач во Мултимедијалниот центар на УГД
Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во соработка со „Balassi Iunstitute“ и Лекторат по унгарски јазик – Скопје организира џез работилница предводена од реномираните унгарски џез музичари Михаљ Дреш и Миклош Лукач.
Инфо ден на „Еразмус плус“ во Штип
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска (среда, 4.11.2015 г.) одржа инфо ден за новиот повик за образовната програма „Еразмус плус“.