Приказ на предметите според таг: umetnost
Ликовна академија успешно се претстави на „Паратисима“
Студентите од Ликовна академија при УГД се претставија на интернационалниот саем за уметност „Паратисима“ кој се одржа во Младинскиот културен центар во Скопје во периодот од 10 до 12 јуни.
Студентите веќе третпат се претставуваат на оваа манифестација. Преку избор на слики и цртежи кои ги изработија во текот на целата академска година, тие успешно ја претставија Ликовната академија и Универзитетот „Гоце Делчев“ пред многубројната публика која го посети саемот.
Фестивал на непрофесионален филм во Штип
Филмската академија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и Кино сојузот на Македонија организираат Државен фестивал на непрофесионален филм.
Годишен концерт на оркестарот на традиционални инструменти
Студентите од Oдделот за етнокореологија и од Oдделот за џез студии при Универзитетот „Гоце Делчев“ во класата на м-р Горанчо Ангелов ќе одржат годишен концерт.
Концертот ќе го изведе оркестарот на традиционални инструменти при УГД, а ќе се одржи утре (8 јуни) во 19 часот на платото пред Музичката академија при УГД.
(Видео) Отворена Годишна изложба на Ликовната академија
Ликовната академија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип по првпат организира Годишна изложба на студентите од насоката Класично сликарство. Ваква изложба се организира по првпат, бидејќи годинава завршува првата генерација студенти запишани на овие студии. Според деканката на Ликовната академија, проф. д-р Катерина Деспот, Годишната изложба ќе стане традиција:
Студенти од Музичката академија наградени на натпревар по пијано во Италија
Пијанистките Карла Биков и Елена Ефремова, студентки на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“, со голем успех се претставија на Меѓународниот натпревар по пијано кој се одржа од 17 до 23 мај во Венеција, Италија. Карла Биков се натпреваруваше во категорија за соло пијано, каде што меѓу 11 учесници од Италија, Јапонија, Кина, Србија, Албанија, беше наградена со трета награда. Во категоријата пијано дуо, Карла Биков настапи заедно со Елена Ефремова и нивниот настап донесе четврта награда и највисоки пофалби од жири-комисијата, како и покана да одржат концерти во Србија и во Италија.